Почетна / Филм / Ноќно викенд кино на Телма со три бразилски драми

Ноќно викенд кино на Телма со три бразилски драми

петок (19. ноември 2021) – “Busca”, 22.40 часот


За време на викендот на неговиот 15-ти роденден, Педро патува, но не се враќа. Неговиот татко – доктор Тео Гаделха (35) тргнува да го најде и да го врати дома. Ненадејното и необјасниво исчезнување на неговиот син е последниот удар нво неговиот живот. Неговиот петнаесетгодишен брак со Бранка, доктор како него – беше во распаѓање.


Тео тргнува во потера по својот син, но ќе го најде својот татко, со кој не разговарал со години. Конечно, лице в лице со него, тој се гледа себеси во очите на неговиот татко, повторно го открива својот син и се помирува со жената што никогаш не престанал да ја сака. Бразилска драма од 2012 година.

сабота (20 ноември 2021) – “Bruna Surfistinha”, 22.15 часот

„Бруна“ беше голем хит во бразилските кина и ја раскажува приказната за една млада девојка која се бунтува против своето семејство од високата класа, станува независна и станува проститутка.


Благодарение на интернетот и зачинетите описи на животот на скапата бразилска проститутка, таа стекнува меѓународна слава. Нејзините искрени и експлицитни коментари го привлекуваат вниманието на милиони и предизвикуваат жива национална дебата за сексуалниот идентитет и вредности. Шест месеци подоцна, Бруна се откажува од проституцијата и го претвора својот блог во најпродавана книга.

недела (21 ноември) – “O som ao redor”, 22.15 часот


Животот во населбата од средната класа во Ресифе добива неочекуван пресврт откако една куќа ја чува независна компанија за обезбедување. Присуството на овие луѓе носи чувство на сигурност – а во исто време создава вознемиреност кај оние кои претходно ја злоупотребувале атмосферата на страв и неизвесност.


Во меѓувреме, Ева (Мејв Џинкингс), мажена мајка на две деца, сака некако да се справи со својата несоница поради постојаното лаење на кучето на соседот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карате акцијата „Best of the best“ со Ерик Робертс на МТМ и регионалните тв

Од следниот викенд, љубителите на боречките вештини, ќе уживаат во американскиот акцион телевизиски филмски серијал …

error: Содржината е заштитена!