Наместо нови содржини во ударниот неделен термин, телевизија Алфа повторно се одлучи за емитувана ТВ содржина. Македонската серија „Бистра вода“ повторно се емитува секоја недела во 20 часот, а гледачите добиваат и дополнителна реприза во сабота пред полноќ.

Серијата премиерно беше емитувана на Алфа во пролетта 2023 година, по што следуваше репризно прикажување веќе во есента истата година. „Бистра вода“ повторно се најде на програмата и во текот на летото и есента 2024 година, а сега, две години подоцна, Алфа ја враќа на екраните уште еднаш.

Со тоа, гледачите по четврти пат добиваат можност да ја следат истата содржина на фреквенцијата на Алфа.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
