Почетна / Забава / И стилистот Алек Паллада ќе се жени?
Alek Pallada - Алек Паллада

И стилистот Алек Паллада ќе се жени?

Стилистот кој досега успеа да скрши илјадници срца и да остави многу девојки без здив, е заљубен и планира венчавка.

 

Alek Pallada - Алек Паллада

 

За многумина името Александар Гочески е само непознат човек, но кога ќе се каже Алек Паллада тогаш границите сосема се изместуваат. Алек Паллада покрај тоа што важи за најдобар стилист во Македонија, речиси никогаш не се појавува на ТВ екраните за да се пофали со тоа што го работи за разлика од некои негови колеги кои живеат за да ги има на телевизија.

 

 

Папарацо фотографиите кои пристигнаа во нашата редакција покажуваат дека славниот стилист е среќен и заљубен, а од блиски извори дознаваме дека девојката се вика Сандра, млада успешна девојка која води бизнис за спортска опрема.

 

Алек Паллада - Папарацо фотографија

 

Со цел да не објавуваме секакви шпекулации, исконтактиравме со Алек Паллада кој ни потврди дека се подготвува за венчавка, но сеуште не е дефиниран терминот и локацијата.

 

 

 

Гоце | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Данскиот EDM DJ Martin Jensen на Ohrid Calling 2019 !

Со повеќе од 100 Милиони прегледи на Youtube и неговата специјалност да продуцира само хитови, …