Почетна / Серии / Адреналинска акција во новата ноќна серија „Чикаго ФД“ на Сител
понеделник - петок, 23.30 часот, Сител телевизија

Адреналинска акција во новата ноќна серија „Чикаго ФД“ на Сител

Нова адреналинска акција на опасните улици на Чикаго за уште една, уште поопасна игра на страв, неизвесност и драма. По “Чикаго ПД”, следува уште една серија од популарната франшиза од понеделник до петок по последниот Днвник на Сител.

Овојпат во центарот на вниманието ќе бидат пожарникарите и болничарите кои работат во противпожарната служба во Чикаго. Кога смртта ќе им погледне во очи, за новите херои на “Чикаго ФД” (Chicago fire) следува беспоштедна битка за живот и спас на невините жртви од пламените јазици.

По смртта на пожарникарот Ендрју, лојалноста на членовите на тимот е поделена меѓу Метју и Кели, кои меѓусебно се обвинуваат за смртта на долгогодишниот пријател и колега. Првичното ривалство и обвинувања на Метју и Кели ќе мора да се надминат кога е во прашање безбедноста на нивните колеги и целиот оддел, а покрај нив, во екипата се и пожарникарите Питер Милс, Кристофер, Вејли, како и болничарките Лесли и Габи.

Сите тие, заедно, ќе мора секојдневно да се соочуваат со непредвидливи ситуации, во кои целта е само една – да се спасат цивилите од неочекуваните несреќи и пожари. Под водство на шефот Волас Боден, овие храбри луѓе ќе ја плаќаат цената на ризикот, затоа што хуманоста за нив е пред сѐ друго.

Улоги : Jesse Spencer, Taylor Kinney, Monica Raymund, Lauren German, Charlie Barnett, David Eigenberg, Teri Reeves и др.​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди