Почетна / Сапуници / Фото | Ова се близначињата на негативката од „Хаус мајстор на повик“

Фото | Ова се близначињата на негативката од „Хаус мајстор на повик“

 

Фото | Ова се дечињата на ѕвездата од Телемундо

 

 

Познатата колумбиска актерка Марица Родригез имавме можност за прв пат да ја запознаеме во главната улога во возбудливата теленовела “Пустински љубовници”, одамна емитувана на локалните телевизии. Љубовта меѓу богатата Барбара и затвореникот Андрес во една автентична и конзервативна селска средина е она што ги освои гледачите ширум светот и токму таа новела и’ ги отвори вратите на актерката во светот на теленовелите.

 

 

По оваа улога, македонските гледачи се изненадија кога ја видоа Марица во сосема ново светло, како негативка. Таа беше негативка во “Анали” и “Опасни игри”, а моментално ја следиме во “Хаус мајстор на повик”, каде повторно толкува улога на антагонист.

 

 

Актерката е родена во 1975 година, а во 2005 година се омажи со генералниот директор на Телемундо. Пролетта 2014 година, познатата двојка доби близнаци. За улогата на мајка, ѕвездата на Телемундо ќе каже :

“Да бидеш мајка на близнаци не е воопшто тешко. Ако мислиш дека ќе ти биде тешко, е тогаш навистина и може да стане. Како мајка сум многу грижлива. Никогаш не ги карам моите две дечиња, никогаш не им зборувам со гнев и бес ако направат некоја белја. Сепак се деца и се’ е дозволено во тие години. Ги воспитувам со љубов и со трпение.

 

 

Многу е важно каква енергија им пренесуваш на децата. Ако им пренесуваш љубов и топлина, тие тоа го чувствуваат и исто така ти возвраќаат. Во спротивно, веројатно ќе бидат нервозни и нетрпеливи.

Никогаш не сум планирала какво дете ќе имам, девојче или момче. Бев многу изненадена кога ми кажаа дека очекувам близнаци и со мојот сопруг бевме пресреќни но и истовремено i малку збунети. Секому му посакувам да му се случи ова што мене ми го подари Господ. Фантастично е тоа чувство. Но, засега не планираме други деца” – вели Марица.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата на „Азра“ и „Фазилет“ во нова играна серија на Сител

Секој сака да сака, и војник и морнар, и сиромав и богат. Тоа не се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!