Почетна / Живот / ААВМУ со осуда на нападите кон новинарката на Слободен печат

ААВМУ со осуда на нападите кон новинарката на Слободен печат

ТВ Пакет во целост ви го пренесува соопштението од ААВМУ :

“Во врска со закани упатени преку социјалната мрежа „Фејсбук“ кон новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Брнс, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ги осудува и потсетува дека ваквите појави не само што се апсолутно неприфатливи, туку претставуваат и загрозување на слободата на информирање.

Нападите и заканите кон новинарите, вклучително и оние упатени на социјалните мрежи, претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество.

Новинарите работат во интерес на јавноста и се еден од главните коректори и промотори на демократските процеси. Токму затоа неопходно е да се создадат услови новинарите, ослободени од притисоци, професионално да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста.”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Котевски назначен за вд директор на Филхармонија

Александар Котевски е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Котевски доаѓа на местото на …

error: Содржината е заштитена!