Почетна / Серии / „Подморница“, нова германска воена драма во 20:45 часот на Телма

„Подморница“, нова германска воена драма во 20:45 часот на Телма

Раскошна воена серија која е продолжение на популарниот истоимен германски филм од 1981 година – од понеделник, 27 јули стартува на телевизија Телма.

Онаму каде застанаа настаните во филмот, продолжуваат паралелно две приказни во серијата за новата подморница, секоја вечер по “Инсајдер” на Телма. Снимена е со неверојатен буџет од 32,8 милиони американски долари, а снимена е во Минхен, во Прага, Ла Рошел и на Малта.

Приказната започнува есента 1942 година, на средина на Втората светска војна. Подморничкото војување станува сè побрутално. Заплетот го следи младиот екипаж на подморница на опасна набљудувачка мисија. Есента 1942 година, Франција е окупирана, а „Отпорот“ започнува да добива сè поголемо влијание во пристаништето Ла Рошел.

Новата подморница U-612 е подготвена за своето прво патување со новиот командант, Клаус Хофман. Додека 40-те млади момчиња одат на својата прва мисија и се борат со тесните и клаустрофобични услови на живот под вода, во пристаништето Ла Рошел, животот на Симон Штрасер излегува надвор од контрола. Oвие млади луѓе под вода треба да изберат меѓу слободата и татковината, лојалноста и борбата за опстанок.

Која страна и да ја одберат, на море или на копно, надежта секогаш умира прва. Улогите им припаднаа на Вики Крипс, Лизи Каплан, Том Влашиха, Винсент Картхајзер, Џејмс Џарси и др.​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и …

error: Содржината е заштитена!