Почетна / Сапуници / „Романтичарот“ ќе ги храни бездомните семејства погодени од земјотресот

„Романтичарот“ ќе ги храни бездомните семејства погодени од земјотресот

Популарниот Романтичар со добротворна акција!

Познатиот турски актер Џан Јаман од хит сериите „Романтичарот“ и  „Полна месечина“ на дело сочувствуваше со трагедијата што го снајде турскиот град Измир и неговите граѓани кои ги потресе силниот земјотрес со јачина од 6,5 степени во петокот, на 30 октомври.

Турската ѕвезда контактираше со организаторот на добротворната кампања и реши својата парична помош да ја уплати на сметката за донации.

Романтичарот еден месец ќе се грижи и за храната и за сите други потреби на домаќинствата на 100 бездомни семејства во Измир, по природната катастрофа во која загинаа повеќе од сто луѓе.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе победи ли љубовта во финалните епизоди на „Сафир“?

Последни мигови со вашите Фераје и Јаман. Додека Фераје се обидува да се одржи во …

error: Содржината е заштитена!