Почетна / Серии / „Преспав“ се враќа со петта сезона – очекувајте го стартот на МРТ 1

„Преспав“ се враќа со петта сезона – очекувајте го стартот на МРТ 1

Од идниот месец на Македонската телевизија следува нова, петта сезона од популарната серија „Преспав“.

Снимањето е во тек, а актерите велат, поради пандемијата биле затворени без работа, без театар, без снимања и имале потреба да „експлодираат“ пред камерите. Сметаат дека комедијата е вид терапија и треба почесто да има вакви серии.

Семејството Бузалевски ќе ги води гледачите низ нови авантури, а старите членови на персоналот на пансионот ќе мора да се привикнат и на нови, уште поурнебесни ликови.

„Преспав“ е прв македонски ситком проект кој изминатите четири сезони постигна голем успех и популарност кај публиката преку малите екрани и на интернет.

Затоа, бидете подготвени и очекувајте ја најновата сезона од најгледаната македонска серија на сите времиња. Наскоро на МРТ 1, нова сезона на “Преспав”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Волшебните авантури на „Поп Пикси“ за топли викенд утра на Сител

Нова цртана магична серија, направена по примерот на познатите Винкс следува оваа зима во студените …

error: Содржината е заштитена!