Од понеделник до петок ги следиме последните епизоди на руската мелодрама “Врати ми ја љубовта” на Алфа телевизија.

Она што особено ги привлече гледачите покрај романтичната приказна, е и главниот актер кој ја толкува улогата на добриот и безгрижен заводник Влад. Дали крајот ќе го скраси делото и Влад ќе ја круниса својата љубов со Вера, останува да гледаме во последните продолженија на серијата.

Влад е една од најпознатите улоги на младиот руски актер Станислав Бондаренко, роден во 1985 година. Студирал глума во Москва, а приватно се занимавал и со балет, карате и танц.

Неговата сопруга Јулија ја запознал за време на студиите, но по одреден период двајцата изгубиле контакт.

По неколку години, случајно се сретнале и сфатиле дека љубовта не смее да се пропушта. Денес, тој е среќно оженет со неа и имаат три деца.

Најмалата Михаела е често фотографирана за познати руски магазини и е постојан дел од социјалните мрежи на Стас и Јулија.



Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
