Почетна / Серии / Во недостиг на премиери, МТМ со реприза на „Приказни од самракот“

Во недостиг на премиери, МТМ со реприза на „Приказни од самракот“

Мексиканската трилер серија заврши со емитување на скопска МТМ телевизија, но веднаш по завршувањето, серијата започна со репризно емитување во истиот термин. 20 епизоди, 20 возбудливи “Приказни од самракот” повторно на програмата на МТМ во недостиг на премиерна програма за гледачите која треба да биде понудена за гледачите.

Што може да направи една жена кога ќе се најде киднапирана oд непознати луѓе и одведена во најмрачните студени одаи? Какво е чувството да се биде соочен со смртта и да знаеш дека можеш да преживееш, само и само ако ги убиеш другите заложници?

Заледува ли крвта кога ќе се разбудиш во морничава хотелска соба, не знаејќи како си стигнал дотаму, и како можеш да излезеш одтаму? Може ли една обично вечерно излегување со пријателите да ти се претвори во најбизарниот кошмар? И кој стои зад сето тоа и со која цел? Кој сака да се забавува со вакви свирепи злосторства?

Адреналин од опасните ситуации во кои ќе се најдат обичните луѓе е она што го гледавте во оваа трилер драма. Кога сонцето ќе зајде, месечината ги навестуваше најстрашните приказни од самракот. Понеделник, вторник и среда, повторно на прва скопска МТМ во 20.30 часот – “Приказни од самракот”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!