Почетна / Телевизија / Отворена програма на 24 Вести од новите студија и со новата техника

Отворена програма на 24 Вести од новите студија и со новата техника

 

Фото | Симулации на резултати, изглед на студио

 

Изборните резултати, контактната програма со гледачите и анализите на 24 Вести за време на изборната ноќ се снимаа во новите простории на телевизијата, која се смести во сопствен објект кон крајот на минатиот месец. Како што објавија од телевизијата, во медиумот се работи и за ангажирање на новинари и технички персонал со што ќе треба да се задоволат потребите за збогатената програмска шема.

 

 

Огнен Јанески, препознатливото лице за оваа телевизија беше дел и од отворената програма во живо на телевизијата за изборната ноќ, а вака визуелно изгледаше програмата :

 

 

Од неодамна во 24 Вести почна да работи и нов раководен тим, и тоа Младен Чадиковски како главен уредник и Нехру Хоџа како главен продуцент.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССНМ: Заканите кон новинарите на социјалните мрежи мора да запрат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека во деновите на општ траор во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!