Почетна / Серии / “Моќ” и “Спартак” од понеделник навечер на МТВ1

“Моќ” и “Спартак” од понеделник навечер на МТВ1

 

Новата серија “Моќ” и финалната сезона на “Спартак” од 1 септември на МТВ 1

 

Од понеделник, секоја вечер на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитуваат нови американски серии. Првите кои започнуваат се “Power” и “Spartacus: war of the damned“, и двете прикажувани на каналот Starz.

“Моќ” е акциона драма од која е снимена само една сезона од осум продолженија кои премиерно се емитуваа летово во Америка, а веднаш потоа и во Македонија. Серијата е продуцирана од раперот 50 cent. Приказната го прати Џејмс Сант Патрик, кралот на ноќната забава со прекар Дух, кој е сопственик на голем ноќен клуб во градот кој никогаш не спие, Њујорк. Во позадината на сопствеништвото на еден клуб, тој е дел од голем нарко бизнис затоа што се работи за проверен играч кој секогаш одбира мудро. Преку црниот бизнис на валкани пари, тој гради империја која се плаши дека може да се сруши. Во таа игра каде бизнисот има цена, нема назад. За Џејмс, останува прашањето што сака од себе и дали ќе може да го исполни ветувањето кон својата љубовница и да стави крај на нелегалните работи.

Серијата ќе се емитува од понеделник до петок во 21:15 часот.

 

 

Веднаш потоа, во 22:25 часот започнува последната премиерна сезона на хитот “Спартак”, чии први три сезони неколкупати досега беа прикажувани. Спартак е спектакуларна серија, работена е по угледот на филовите 300 и Гладијатор со буџет од преку 50 милиони долари.

Оваа серија критичарите ја карактеризираат по специјалните филмски ефекти, инспиративните костими, раскошната сценографија и одлична екипа на глумци. Класична прказна за најпознатиот гладијатор продолжува во своето финале за легендата чија последна битка ќе ја гледате овој септември. Отргнат од домот и од жената која ја сака, Спартак е осуден на бруталниот свет кој го има во арената, каде крвта и смртта се најпопуларната забава, а откако ќе замине од Арената на Батијат, станува водич на едно цело востание за слобода од Римјаните и од Красус.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …