Почетна / Филм / Неделен филм на Телма за најголемиот пропуст во холандското право
Номиниран за најдобар странски филм на 87. доделување на Оскарите. Холандската драма на Телма ќе ја гледате во недела, 25 јуни со почеток од 19.45 часот

Неделен филм на Телма за најголемиот пропуст во холандското право

Медицинската сестра Лусија де Берк е осудена на доживотен затвор за наводно убиство на најмалку седум бебиња и постари лицa.

Медицинската сестра Лусија де Берк била присутна на премногу необјаснети смртни случаи, па болницата ја известила полицијата. Заменик-државниот обвинител Џудит, водена од амбицијата и навистина згрозена од случајот, истрајува до крај за да ја осуди Лусија на доживотен затвор.

Но, нешто сè уште ја мачи Џудит и таа открива недоследности во изјавите на сведоците, дури и сокриени лабораториски докази. Иако претпоставените ја игнорираат, Џудит ќе се здружи со адвокатот на Лусија, но по секоја жалба, првобитната пресуда се потврдува. Работите изгледаат безнадежно сè додека не ги вклучат медиумите, а најголемиот пропуст на правдата во холандската историја, конечно ќе биде поправен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6 септември, Телма | Документарец за Токио во поинакво светло

Хиперактивен и избезумен дење, Токио се трансформира ноќе, откривајќи една сосема поинаква страна на јапонското …

error: Содржината е заштитена!