Почетна / Серии / Данската крими серија „Специјална единица“ на Телма во 19:15 часот

Данската крими серија „Специјална единица“ на Телма во 19:15 часот

 

Од вторник на Телма во 19:15 часот – нова крими серија

 

Од вторник на програмата на Телма телевизија започнува со емитување данската криминалистичка серија “Специјална единица” која ќе се емитува од понеделник до петок со вкупно 32 епизоди. Додека на другите телевизии одат турски серии надсинхронизирани на македонски јазик со што може уште полесно да се сфатени од публиката, на Телма ќе се емитува серија која ќе бара од гледачот и да го вклучи мозокот и во текот на тие 60 минути да размислува и да го планира можниот крај на епизодата.

 

 

Дејството на серијата се врти околу елитна полициска единица, која се вика “Специјална прва единица”, а нејзините членови патуваат по цела Данска така што и помагаат на локалната полиција да реши големи криминални случаи. Случаите кои ги решава оваа единица вклучуваат убиства, киднапирања, детска порнографија, трговија со луѓе во меѓународни граници и така натака, но се работи за случаи базирани на вистините приказни од деведесетите. Серијата има добиено награда за најдобра драмска серија на Интернационалните ЕМИ награди во 2002 година, а 2001 и 2002 годфина освоила награди за најдобра драма на данските телевизиски доделувања.

Централен лик е Ингрид Дал, амбициозна детективка која е унапредена за заповедник на Единицата, на почетокот на серијата. Пред неа не се наоѓа лесна задача, затоа што помладите колеги го негодуваат нејзиното доаѓање на таа функција. Она што таа мора да го направи е да задржи контрола и над својата кариера и над своето семејство. Но, за среќа, почетничката недоверба и нетрпение прераснуваат во добра соработка и пријателство меѓу детективите, а со тоа тимот ќе покаже дека е способен да решава најгрозни и најзастрашувачки
злосторства.

 

 

 Серијата се осврнува и на социјални прашања, како себичноста на полициската работа, општествените и емотивни последици од бруталните случаи врз животите на полицајците и нивните семејства, како и вмешаноста на политиката и медиумите во правосудниот систем.

Улоги: Charlotte Fich, Mads Mikkelsen, Lars Brygmann Waage Sandø, Erik Wedersøe, Trine Pallesen, Lars Bom

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мет ЛеБланк со комедијата „Епизоди“ ова лето репризно на Телма

Уште една реприза ова лето на Телма. “Епизоди” e хумористична серија во 41 продолжение која …