Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Тијана со сценска атракција – кој кого ќе имитира вечерва во ТЛЗП?

Тијана со сценска атракција – кој кого ќе имитира вечерва во ТЛЗП?

 

Тијана Дапчевиќ во полуфиналето на ТЛЗП е … Пинк

 

Кој кого ќе имитира вечерва на Сител во полуфиналето од четвртата сезона на ТЛЗП? Гледачите и жири комисијата веќе 10 седмици ги прати настапите, подемите и падовите на нашите ѕвезди, но вечерашниот настап е клучен за дефинирање на финалниот впечаток.

 

 

По имитацијата на Бајага, Бане за полуфиналето доби задача да имитира исто така не многу активен пејач на сцена. Се работи за имитација на “Garavi sokak”,  а пак Пагонис, за разлика од него, ќе мора да покаже експлозивност и движење на сцена затоа што хеви метал бендот AC/DC е негова полуфинална проблематика што мора да ја реши.

За Стеван е резервирана песната на Imagine Dragons /Ariana Grande, додека пак Леон е во улогата на Кендрик Ламар и Ники Минаж.  

 

 

Раскшниот вокал на македонската дива Калиопи ќе треба да го долови Мира Шкориќ, а имитацијата на наградуваната пејачка Лус Казал и’ припадна на Гага. Лека на сцена ќе рапува, Едита ќе влезе во кожата на Еванесенс, а Беби Дол има тешка задача – да биде во кожата на Кристина Агилера.

За македонската учесничка и шоумен, Тијана Дапчевиќ, полуфиналната задача е имитација на Пинк, за која сценските егзибиции се вистинска атракција. Кој ќе ги намами вашите погледи и кој ќе ве наведе да го дадете вашиот глас? Вечерва на Сител, полуфинале на ТЛЗП. Парите одат во хуманитарни цели.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!