Почетна / Филм / Германски драми и шпански комедии по првомајскиот викенд на Алфа

Германски драми и шпански комедии по првомајскиот викенд на Алфа

Aко за викенд следиме македонски филмови во прајмтајм на Алфа, за работните денови, Алфа емитува секоја ноќ по полноќ возбудливи американски и европски филмови. За по првомајскиот викенд, следуваат следниве филмови :

понеделник (4 мај 2020) – “Die Vermessung der Welt”

Германија во почетокот на 19 век.

Германско австрискиот 3Д филм “Мерење на светот” ги следи двата брилијантни и ексцентрични научници Александар фон Хумболт и Карл Фридрих Гаус на нивните животински патеки.

вторник (5 мај 2020) – “Bakery in Brooklyn”

Вивиен и Клои се две братучетки кои живеат во Бруклин, и се неразделни од мали нози. Барем беа до неодамна. Сепак, работите ќе се променат кога, поради ненадејната смрт на нивната тетка Изабела, тие наследуваат пекарница, која е најпопуларна во областа.

Бидејќи не се во можност да ги помират своите идеи околу пекарата, тие одлучуваат да ја поделат продавницата на два дела во кои секој ќе работи како што сака. Работите се вжештуваат кога се принудени да се борат за секој клиент кој доаѓа во пекарницата … Меѓутоа, доколку сакаат пекарата да преживее и да го сочува она што е навистина важно во нивните животи, ќе треба да научат да ги надминат разликите и да започнат да работат заедно како тим.

среда (6 мај) – “Die geliebten Schwestern”

Аристократските сестри Шарлот и Каролин се вљубуваат во контроверзниот млад писател Фридрих Шилер. Отфрлајќи ги конвенциите од своето време, сестрите решаваат да ја споделат својата љубов со Шилер.

Она што започнува разиграно, како игра меѓу трите, наскоро се претвора во сериозна игра која резултира со разделби.

четврток (7 мај) – “Tenemos que hablar”

Нурија е млада девојка која има навидум добар живот, момче кое ја сака и чии родители ја поддржуваат, но во оваа шпанска комедија има еден мал проблем – хероината е во брак се уште со друг. Хорхе е еден измамник кој никогаш не ја заборавил Нурија иако две години не се заедно, но за жал, не се ни разведени. Во таква ситуација, секој со секого ќе треба да разговара како би се решиле проблемите.

петок (8 мај) – “Ένας άλλος κόσμος”

Во денешна Грција, додека социоекономските превирања ја уништуваат Јужна Европа, се одвиваат три различни приказни, и секоја претставува приказна на една поинаква генерација на млади кои се вљубуваат во странци, за да на крајот трите приказни се спојат во една.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо | Месец на „Киненова“ на ТВ 24 – цел месец филмови без реклами

„Прво филм“ е мотото на меѓународниот филмски фестивал Киненова кој годинава официјално ќе се одржува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!