Почетна / Серии / Србија со трета, Алфа со реприза на прва сезона на „Воена академија“

Србија со трета, Алфа со реприза на прва сезона на „Воена академија“

 

“Vojna akademija” повторно на Алфа, репризно

 

На местото на репризите од “Надреално шоу”, “Необјавени приказни”, следува нова реприза на Алфа во 21.50 часот – српската серија “Воена академија”.

“Воена академија” е српска серија во две сезони. Првата сезони заврши со снимање и прикажување на српската државна телевизија РТС во 2012 година, во 2014 година беше емитувана втората, а оваа година во тек е емитување на третата сезона.

 

 

Серијата го прати животот и авантурите на група воени кадети по нивното примање на воената академија каде започнуваат со напорни тренинзи и студии, за еден ден да станат воени пилоти. Фокусот е на нивните лични и професионални судбини, од моментот кога дознаваат дека се примени на Академијата што за нив е најголема радост, до судирот со војничкиот живот и сите тешкотии што ги носи тој, па се’ до конечно воспоставување на рамнотежа во нивните животи.

 

 

Серијата беше снимена под покровителство на Министерството за одбрана на Србија, а долго време биле разгледувани кандидатите кои ќе ги превземат главните улоги на воени студенти. Сценаристите и режисерите поминувале долго време и зборувајќи со психолози, инструктори на Воената академија.

Дел од ликовите се:

1. Рис – тоа е главниот лик, дечкото кој на сите им служи како пример на академијата, оној кој знае како да излезе на крај со сите предизвици, но и оној кој знае некогаш да биде суров и груб поради тајната која се крие во неговото минато.

2. Клисура – весел и одличен студент. Иако е Ром, тој супер се снаоѓа со сите, и станува најдобар пријател на Рис. Татко му е перач на коли.

3. Стошиќ – иако поседува брилијантна интелигенција, тој знае на моменти да биде циничен и нехуман. Доаѓа од семејство на разведени родители, кои и не воделе грижа за него.

 

4. Џиковиќ – тој е студент кој не по своја волја, дошол на академијата. Сонува да го избркаат за да стане пчелар или шумар.

5. Лаки – тој е брат на најдобриот другар на Рис, кој е мртов. Поради тоа, Рис се поставува заштитнички кон Лаки, иако Лаки е полн со несамодоверба и неверба во себе и Академијата.

6. Зимче – една од девојките на академијата. Израснала со три сестри, па таткото сакал она да биде “машкото” и еден ден да стане воен пилот. За неа работите на Академијата тргнуваат на добро се’ до моментот кога несреќно ќе се заљуби.

7. Шашвари – девојка од идеална фамилија, весела и среќна, сите испити ги поминува како на шала.

8. Лела – бившата посесивна девојка на Рис која поради тоа што не може да го преболи раскинувањето, собира сила и учи за да го положи приемниот и да влезе на Академијата заедно со Рис.

Освен студентите, дел од ликовите се и наставниците, готвачката, капетаните,

Режијата е на Дејан Зечевиќ, а во главните улоги настапуваат Радован Вујовиќ, Бојан Периќ, Тијана Пецениќ, Иван Михајловиќ, Бранко Јанковиќ, Јелисавета Орасанин, Драгана Дабовиќ, Небојша Милановиќ и други.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворската драма „Orange is the new black“ премиерно на Нова

Oд понеделник до петок во 21 часот на кабловската Нова С се емитува американската драма …