Почетна / Живот / Беринговото море како најопасно место за лов на ракови

Беринговото море како најопасно место за лов на ракови

 

30 август | 22 ч. | Discovery Channel

 

Дискавери каналот ја претставува дванаесеттата сезона на наградуваниот серијал „Смртоносен улов“ која го следи драматичниот живот на луѓето кои се занимаваат со една од најопасните професии на светот- лов на ракови во непредвидливото Берингово море.

 


 

 Морските ветерани се навикнати на предизвиците на едни од најопасните облици на риболов во светот, но оваа година на сцената настапува нова генерација на рибари. Камерите се вперени во бродот Брена А со новиот капетан Шон Двајер, досега најмладиот капетан во историјата на серијалот. Џејк Андерсон за прв пат ќе биде на чело на Сага, но овој пат не под будното око на менторот Сига Хансен.

 


 

На Корнелија Мари, младиот Џош Харис бара право над легендарниот брод со кој некогаш раководел неговиот татко.  Ќе може ли младоста да ги истрпи повредите, кршењето и неверојатните временски услови кои немилосрдно се нафрлаат на флотата? Ја имаат ли силата и смелоста кои се потребни да станат легенди?

Серијалот „Смртоносен улов“ се прикажува секој вторник во 22 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва ретроспективна изложба на Дороти Пачкова во Куманово

Петок, 29 Октомври, 2021 година, 14 часот, НУЦК Трајко Прокопиев, Куманово – прва изложба на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!