Почетна / МК Сцена / На барање на фановите, „Куку Леле“ со нов голем концерт во Скопје

На барање на фановите, „Куку Леле“ со нов голем концерт во Скопје

 

На барање на верните фанови, дуото „Куку Леле“ ќе одржи мега концерт и журка вредна за паметење во сабота (3-ти септември) со почеток на полноќ во дискотеката „Централ парк“ во градскиот парк во Скопје.

 

 

Присутните гости ќе можат ексклузивно во живо да слушнат како звучат новите „На сон ми доаѓаш“ и „Шутни го бејбе“ кои деновиве се актуелни на сите радио станици низ Македонија, но и ќе уживаат во хитовите како „Постела рози“, „Кучка неверна“, „Се е против нас“, „Ти немаш појма“, „Блесава си или не“, „Нема да тагувам“, „Цимери“ и „Р’мбам ко црнец“ со кои многу генерации пораснаа.

Веќе традиционално кога станува збор за Роберт Саздов и Панки од популарното дуо „Куку Леле“, концертот во Скопје ќе биде придружен од 14 член бенд на гламурозна сцена со врвно озвучување како за најголемите концерти во нашата земја.

Билетите за концертот на „Куку Леле“ во Скопје веќе се пуштени во продажба, а ќе можат да се набават на врата. Гостите кои сакаат да добијат повеќе информации и да направат резервација можат тоа да го направат на телефоните 072/311-223 и 078/616-738. 

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!