Почетна / Сапуници / Почина пејачот Хуан Габриел, музичката легенда на Латинска Америка

Почина пејачот Хуан Габриел, музичката легенда на Латинска Америка

 

Почина пејачот на “Abrazame muy fuerte”

 

Вчера, недела, 28 август 2016, во 67-та година од својот живот, од срцев удар почина мексиканскиот пејач-кантавтор, композитор, музичар, актер и продуцент Алберто Агилера Валадез, познат како Хуан Габриел.

 

 

Оваа трагедија се случи на два дена по одржување на концерт како дел од неговата музичка турнеја “Мексико е сè” (MeXXico es todo) во Санта Моника во сојузната американска држава Калифорнија.

“Тој беше една од најголемите мексикански легенди, творец на многу хитови и една од најголемите икони во нашата музичка историја. Вистински жалам за неговата смрт и сочувство до семејството” – изјави претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието.

 

 

За себе пејачот кажуваше дека е одличен композитор и добар пејач, но ужасен глумец. Имал многу тешко детство, како мал останал сирак и бил малтретиран, па единствената утеха ја нашол во музиката која за него стана најголема љубов. Позади себе остави 32 студиски албуми, многу хитови кои ги препееа имиња како Марк Ентони и Алехандро Фернандез. 

 

 

На македонската телевизиска публика, Хуан Габриел ќе и`остане познат како пејачот што ги отпеа песните на теленовелите “Прегрни ме цврсто”, “Маријана” и “Невина”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невиден наплив на турски серии во Србија, Бугарија, Хрватска, Босна

Како никогаш претходно, српските телевизии откупуваат и емитуваат турски серии. Ако во Македонија одамна помина …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!