Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Вечерва во живо на Сител е полуфиналето на ТЛЗП – гласа и ТВ публиката

Вечерва во живо на Сител е полуфиналето на ТЛЗП – гласа и ТВ публиката

 

Кои петтмина заминуваат во финалето – одлучувате вие

 

Популарното забавно шоу од хуманитарен карактер “Твоето лице звучи познато” се наближува кон својот крај. Вечерва, 10 декември, во 21 часот на Сител телевизија во живо ќе се емитува полуфиналето од четвртата сезона на ТЛЗП. Возбуда и адреналин владее не само кај натпреварувачите, туку и во жири комисијата.

 

 

Лека, Бане, Тијана, Едита, Леон, Стеван, Ненад, Беби Дол, Миа и Гага ќе се борат за влез во финалето, а нивните настапи ќе ги оценуваат не само судиите на жири комисијата, туку и публиката која ќе има можност да гласа преку телевоутинг за својот фаворит. На основа на собрани поени од жирито, натпреварувачите и самата тв публика, ќе дознаеме кои петорица влегуваат во финалната емисија, која на Сител и во регионот ќе се емитува наредната недела.

 

 

Затоа, не заборавајте да гласате за вашиот фаворит. Во втората сезона, натпреварувачката од Македонија, поп ѕвездата Елена Ристеска, благодарение на вашите гласови се доби со вицешампионското место, а лани, пак, благодарение исто на Вашите гласови, Даниел Кајмакоски победи во ТЛЗП.

Што ќе направи овојпат нашата Тијана, дознаваме вечерва на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тијана со сценска атракција – кој кого ќе имитира вечерва во ТЛЗП?

  Тијана Дапчевиќ во полуфиналето на ТЛЗП е … Пинк   Кој кого ќе имитира …

Leave a Reply