Почетна / Филм / Петок 25 мај | Акција со Стивен Сегал на Сител, вестерн трилер на Алфа

Петок 25 мај | Акција со Стивен Сегал на Сител, вестерн трилер на Алфа

 

Вечерва американска акција и австралиски трилер

 

 

петок (25.мај 2018) – “Ред Хил” на Алфа телевизија (22.45 часот)

Овој петок австралиски вестерн трилер на Алфа, номиниран за австралиски филмски награди за најдобар саундтрак, актер, сценарио и режија.

 

 

Младиот полицаец Шејн заедно со бремената сопруга се сели во едно гратче Ред Хил, надевајќи се дека животот таму ќе биде мирен и безгрижен. Но, буната која избива во локалниот затвор од страна на робијашите ќе стане вистински ноќен кошмар за полицаецот. Постои побегнат затвореник кој е озогласен и масовен сериски убиец кој тргнува по одмазда, а пак имајќи го тоа во предвид, Шејн ќе мора да ја земе правдата во свои раце.

 

 

петок (25.мај 2018) – “Денес ќе умреш” на Сител телевизија (23.30 часот)

Американска акција од 2005 година. Стивен Сегал е во улога на поранешен возач Бенкс кој е суспендиран поради страотна несреќа. Во потрага по пари за да преживее, тој ќе стане повторно возач така што ќе работи за босот Макс Гиљардија, сопственик на осигурителна компанија.

 

 

Поради стапица, Бенкс ќе заврши во затвор, но откако ќе излезе од зад решетките, започнува безмилосната одмазда против оние кои го предадоа. Одмазда во која никој нема да биде поштеден.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По дело на Живко Чинго, „Заминување од Пасквелија“ на Наша ТВ

Време на револуција и идеологија, време на пожари и поројни дождови. Време на разделби и …

Leave a Reply