Почетна / МК Сцена / Видео | Владо Јаневски го промовираше спотот за „Последна заблуда“

Видео | Владо Јаневски го промовираше спотот за „Последна заблуда“

 

Владо не се појавува и во овој видео музички запис

 

“Последна заблуда” е најновата песна на Владо Јаневски која беше вистински радиски хит ова лето во Македонија. Песната е авторско дело на Јаневски, кој се потпишува на текстот и музиката, аранжманот е на Никша Братош, а снимател и продуцент е Валентино Скендеровски.

 

 

Пред неколку дена, македонскиот романтичар го промовираше видео спотот за истата, кој го изработи „Горила продукција“, а режисер е Горан Костадинов. За снимањето, кое се одвиваше во Галичник и Маврово, беа ангажирани модели од модното студио „Црнокрак“, а Владо, како и неколку години претходно, не се појавува во спотот.

Во продолжение проследете го најновото музичко парче на Владо :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!