Почетна / Сапуници / Грчката драмска серија „Пелин и мед“, секоја сабота по Гранд на Сител
"ПЕЛИН И МЕД" - најквалитетната грчка серија ја гледате секоја недела по полноќ на Сител

Грчката драмска серија „Пелин и мед“, секоја сабота по Гранд на Сител

Историска драма која привлече големо внимание и достигна енормна гледаност во Грција за време на нејзиното прикажување. Серија чие дејство се одвива во 1958-мата година, време кое е од голема сентиментална важност за грчкиот народ, време по Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција.

Освен историските обележја од тој период, серијата ни претставува и одредени традиционални особености и фолклор карактеристични за тие декади во Грција. Одличната продукција, интригантните заплети, селскиот амбиент во кој се снимаше, актерите дотогаш непознати за грчката телевизиска публика и големото искуство на целиот продукциски тим беа пресудни да секоја епизода од оваа новела ја следат околу 2 милиони Грци секоја вечер.

Снимањата започнале во време на пандемијата со што се покажало дека продукцијата може да ги запази сите мерки на претпазливост, а воедно и да работи и инвестира за време на големата финансиска криза која го зафати светот.

Критиката ја спореди со мини серијата “Остров” поради тоа што и двете се сметаат за перфекција во грчката телевизиска индустрија во последните 20 години. По САД, Велика Британија, Русија, Германија, Канада, Австралија и Филипините, на ред доаѓа и Македонија каде следува емитување на оваа извонредна и квалитетна драмска серија.

Телевизиска премиера на телевизија Сител. “Пелин и мед” за сите оние кои желно бараа и очекуваа нешто сосема поинакво.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!