Почетна / Телевизија / Сабота во 21 часот на Сител започнува нова сезона од „Пинк ѕвезди“

Сабота во 21 часот на Сител започнува нова сезона од „Пинк ѕвезди“

 

Од сабота се бира новата ѕвезда на Пинк

 

“Пинк ѕвезди” е српско музичко шоу, продуцирано од телевизија Пинк, чија прва сезона кај нас ја емитуваше Алфа, а втората со почеток започнува во сабота во 21 часот на Сител. Љубителите на српската песна ќе имаат можност од оваа сабота, веднаш по новата епизода од Румелија, да се дружат со Пинковото шоу.

 

Жирито го сочинуваат Цеца Ражњатовиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Џорџевиќ, Харис Џиновиќ и Мирослав Илиќ. Изборот на кандидатите се базира само на гласот, затоа што жирито не ги гледа кандидатите туку само ги слуша а откако одбира преку тастер дали кандидатот оди понатаму, тогаш столиците на кои седат се креваат во воздух, жирито ги гледа кандидатите во лице. Доколку тројца членови од жирито го притиснат тастерот и нивните столици се кренат, тогаш кандидатот ја поминува првата препрека.

 

 

Оние кои имаат по пет столици кренати, директно одат во следниот круг. Оние кои немаат, се борат во баражот на крајот на емисијата за влез во следниот круг. Во одлуката на жирито не се меша никој, а доколку тие изберат повеќе од десет тогаш на сцена се става стаклената соба во која жирито тајно се договора кои ќе бидат финалните десет кои продолжуваат понатаму во вториот круг на елиминации.

Водител на шоуто e Милан Калиниќ, победник на првата сезона е Иван Куртиќ.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …