Почетна / Сапуници / Болна исповед – Синчето на Мајкл Бубле и Лусијана Лопилато има рак

Болна исповед – Синчето на Мајкл Бубле и Лусијана Лопилато има рак

 

Аргентинската двојка во тежок период од животот

 

 

Синот на познатата двојка Мајкл Бубле и Лусијана Лопилато, ѕвездата од “Млади Бѕунтовници”, е болен од рак. По стандардниот докторски преглед, на малиот Ноа му била воспоставена дијагноза – рак. Веднаш потоа, мајката и таткото заминале за САД каде во моментов детето е на лекување. Во септември, Ноа наполнил три годинки, а покрај него, Лу и Мајкл имаат и мало бебенце.

 

 

На социјалните мрежи, Мајкл објави статус во кој побара поддршка од сите фанови ширум светот :

“Ние сме потполно во шок по откриената болест на нашето најголемо богатство Ноа. Нашето постаро синче моментално е во САД на лекување. Отсекогаш сме зборувале колку семејството е важно секому и колку е голема љубовта која им ја пружаме на нашите деца.

 

 

Јас и Лусијана ќе го потрошиме сето потребно време за да бидеме со синчето и поради тоа и двајцата ги откажуваме сите работни ангажмани. Затоа бараме од сите вас да се помолите за животот на Ноа. Со ваша поддршка, со поддршката и молитвите на нашите пријатели, семејството и со верба во Бога, веруваме дека Ноа ќе се излечи. Пред нас е долг пат, но мора да ја добиеме оваа битка”.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да ви се верува колку години има Азра од истоимената серија

Главната актерка на турската хит драма “Азра”, Алина Боз, верувале или не… има само 21 …

error: Содржината е заштитена!