Почетна / Сапуници / „Шехерезад“ влета на сетот и ја претепа „Хурем“!

„Шехерезад“ влета на сетот и ја претепа „Хурем“!

Серијата „Величествениот“ продолжи со снимање и покрај смртта на главната продуцентка, но не можете ни да претпоставите што се случило на сетот пред неколку денови. Имено, сопругата на Халит Ергенч (Сулејман) посакала да присуствува на снимањето на епизодата и го сторила тоа, но без да претпостави дека ќе почувствува љубомора кога во живо ќе ги види неговите страсни сцени со Мерием Узерли (Хурем). Водата ја прелила чашата во моментот кога Сулејман ја бакнал својата Хурем, тогаш снимањето скандалозно било прекинато од страна на Берѓузар Корел (Шехерезад).

 

 

„Берѓузар се појави од никаде и почна физички да ја напаѓа Мерием, ја удираше по рамото, а потоа ја фати за коса. Кутрата актерка вриштеше и бараше помош, а љубоморната жена непрестајно ја влечеше за косата. Студиото беше целосно уништено поради женската пресметка, а Берѓузар не се осмелија да ја избркаат само од почит кон Ергенџ“, вели очевидецот.

На нивната брачна криза очигледно сеуште не и дошол крајот, ова не е првпат актерката од „1001 ноќ“ скандалозно да влета во сетот на „Величествениот“.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Циклус на италијански драмски серии на Телма во новата година

Италијанска продукција по празниците следува на Телма. Во прајмтајм, во добро познатиот термин по Топ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!