Почетна / Забава / Целата естрада присутна на седмиот роденден на „Бекстејџ“

Целата естрада присутна на седмиот роденден на „Бекстејџ“

 

Вчеравечер во МНТ на гламурозна забава се заокружи уште една година од раѓањето на најуспешниот естраден магазин во Македонија, „Бекстејџ“. Седум години тие ги создаваат ѕвездите и го одржуваат нивниот блесок, а за сопствениот сјај сведочи големата седумка. Како и секоја година така и оваа коктелот беше тематски инспириран од актуелностите во државата.

 

фото: Фејсбук

 

Целата македонска естрада го славеше постоењето на портокаловата ѕвезда и тимот кој стои зад неа. За пејачка на годината беше прогласена Елена Ристеска, наградата за најдобар тренер отиде во рацете на предводникот на РК Вардар, Раул Гонзалес, награда за концерт на годината и припадна на пејачката Тамара Тодевска, постхумно беше награден и прерано починатиот диџеј Бабура, а наградата за трајни вредности припадна на сестрите Маријана и Росана.

Еден од најтоплите моменти беше изведбата на големиот хит „Признавам“ од Росана без Маријана. Присутните не можеа да ги скријат емоциите за време на настапот на пејачката која после толку години застана на сцената и го отпеа хитот специјално за „Бекстејџ“.

„Бекстејџ“ не ги заборави ниту колегите од новинарската фела. Новинарот Мишко Иванов доби награда за најуспешен ТВ проект со „Патот до успехот“, а за најуспешна водителка беше прогласена шармантната Јована Стојменовиќ од утринската програма на телевизија Сител. Награден беше и Александар Русјаков за најдобар колумнист, додека за најуспешен печатен додаток – „Антена“ на дневниот весник Дневник. Креативната Ина Многуфина беше наградена за највијателна личност.

 

Среќен роденден Бекстејџ!

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …