Почетна / Филм / Кратките и неми филмови со Чарли Чаплин ова лето на ТВ 24

Кратките и неми филмови со Чарли Чаплин ова лето на ТВ 24

Секоја вечер околу 21:30 часот, непосредно пред почетокот на последните вести на ТВ 24, се емитуваат кратки неми црно-бели филмчиња со Чарли Чаплин. Станува збор за неговите познати кратки комедии од почетоците на филмот, најголем дел снимени пред повеќе од еден век, во 1910-тите и почетокот на 1920-тите години.

Во нив Чаплин најчесто се појавува како својот препознатлив лик „The Tramp“ (Скитникот), со шеширот, бастунот и малите мустаќи. Филмчињата се базираат на физичка комедија, гримаси, бркање и комични ситуации, без говор и дијалози.

Иако денес ваквиот хумор може да делува прилично едноставно и застарено, овие кратки филмови се едни од најпознатите дела од ерата на немиот филм и се важен дел од историјата на светската кинематографија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шварценегер, Бредли Купер и Морган Фримен во августовскиот викенд на МРТ 1

Секој ден во 20.15 часот – летно кино на МТВ 1. Во четврток (20 август) …

error: Содржината е заштитена!