Почетна / Серии / Српската хумористична серија „Хотел***“ овој август на Алфа

Српската хумористична серија „Хотел***“ овој август на Алфа

Ова лето на Алфа пристигнува „Хотел со три ѕвездички“, најновата српска хумористична серија која ги следи авантурите на вработените во еден шармантен белградски хотел со три ѕвездички, чија иднина виси на конец.

Кога новата сопственичка од Германија ќе најави дека планира да го продаде хотелот, неговите вработени решаваат да ги здружат силите и да направат сè што можат за да го спасат своето работно место, но и местото кое со текот на времето станало нивен втор дом. Нивната цел е хотелот да ги исполни условите за членство во Европската фамилија на хотели, а патот до таму е сè само не едноставен.

Статисти стануваат хотелски гости, собарки се претвораат во велнес-терапевтки, келнери стануваат готвачи, а дефектите и секојдневните проблеми се решаваат на најнеочекувани начини. Секоја епизода носи нови гости, нови предизвици и уште похаотични и комични ситуации.

„Хотел ***“, од понеделник до петок во 18:15 часот на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Низа играни проекти подготвува РТС за новата ТВ сезона

Главниот уредник на драмската и домашната програма на РТС, Марко Новаковиќ, откри што ги очекува …

error: Содржината е заштитена!