Српската емисија во која се спојуваат стари моми и ергени веќе шест години се емитува без престан на Алфа телевизија.

Она што е интересно е што епизодите кои се емитуваат на Алфа, одат во вечерни термини по неколку часа во прајмтајм, а веќе следниот ден истите се репризираат од 9.55 часот па сѐ до 12.30 часот на пладне.

Значи во текот на денот, околу 5 часа од програмата на Алфа отпаѓа на српското шоу “Стројник”. За разлика од Македонија, во матичната земја каде се снима шоуто, соседна Србија, ситуацијата е далеку поинаква.

На Хепи телевизија која го снима и прикажува “Стројник”, се одвојува помалку од еден час во денот за негово емитување и тоа не во вечерни ударни термини, туку преку денот во 13.15 часот.

45 минути во Србија наспрема неколкупати повеќе минутажа во Македонија. Дали конечно и Алфа телевизија ќе го следи примерот на матичната земја на продукција на Проводаџија и ќе го префрли шоуто само во дневен термин со 45-минутно емитување, останува да видиме.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
