Последните епизоди од „Мојот прекрасен живот“ носат пресврти што целосно ќе ги променат односите меѓу сите ликови. Како што се приближува големата завршница, станува јасно дека ниту една тајна не може да остане скриена засекогаш.

Во центарот на случувањата повторно е Шебнем, која досега успеваше да излезе од ситуации во кои се чинеше дека нема спас. Но овојпат опасноста доаѓа од повеќе страни, а секоја нејзина одлука може да има последици и за луѓето кои најмногу ги сака.

Борбата меѓу Шебнем и Дидем влегува во својата најопасна фаза. Токму кога изгледа дека Шебнем и Месут конечно пронашле начин да ѝ се спротивстават, Дидем покажува дека сè уште има адути во ракавот.

Шебнем низ целата приказна се бореше да го заштити животот што толку тешко го изгради. Нејзиното минато постојано се враќаше, а секоја победа отвораше врата кон нов проблем. Сега кругот полека се затвора.

Ќе успее ли Шебнем конечно да го остави минатото зад себе и да го добие „прекрасниот живот“ за кој толку долго се бореше или токму пред крајот ќе изгуби сè?

Последни епизоди од необичната летна драма, оваа седмица во 22.40 часот на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
