Почетна / Забава / Во Велес се одржа хуманитарниот концерт „Заедно за подобро утре“

Во Велес се одржа хуманитарниот концерт „Заедно за подобро утре“

На 22 август (сабота), во Спарта Ивент Центар во Велес, се одржа хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа.
Со почеток во 20:00 часот, публиката имаше можност да ужива во настапот на Starboy & Friends, а истовремено и да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото.

Целта на концертот беше да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и преку заедничка поддршка се испрати силна порака дека секој човек заслужува еднакви можности, достоинство и подобра иднина.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“ на „Охридско лето“

Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август ќе настапи …

error: Содржината е заштитена!