Почетна / Сапуници / Фото | Азил од „Очи како Црно море“ станува најпосакуван млад актер

Фото | Азил од „Очи како Црно море“ станува најпосакуван млад актер

Халит Озгур Сари, кој го толкува главниот лик Азил во турската серија „Очи како Црно море“, е турски актер и поранешен модел.

Роден е на 4 октомври 1993 година во Истанбул, а неговото семејство потекнува од Газиантеп.

Интересно е што актерството не било неговиот прв професионален избор.

Дипломирал економија на Универзитетот Билги во Истанбул, а потоа се насочил кон актерството и посетувал актерска обука.

Пред да стане актер, Халит работел и како модел, а својата телевизиска кариера ја започнал со познатата историска серија „Ертугрул“, која во моментов се емитува на Дизи каналот.

Пошироката публика го запозна преку сериите „Шампион“ и „За семејството“, додека една од неговите најпознати улоги е Јаман во „Диво срце“, која сѐ уште се нема емитувано на нашите мали екрани.

И неговиот љубовен живот привлекувал внимание во турските медиуми. Халит беше во врска со актерката Синем Унсал, со која се запозна за време на снимањето на една серија.

Партнерите од екранот станаа двојка и во приватниот живот, но врската не траеше долго и двајцата се разделија во 2022 година.

Во поново време турските медиуми го поврзуваа и со Озге Јагиз, неговата партнерка од „Очи како Црно Море“.

Гласините се појавија по нејзиното раскинување со актерот Бурак Беркај Акгул, а дел од таблоидите дури шпекулираа дека зближувањето со Халит имало улога во разделбата.

Сепак, Халит и Озге јавно не потврдија дека се во љубовна врска, па овие тврдења остануваат на ниво на медиумски шпекулации.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турските телевизии ги најавија сериите за ТВ сезона 2026/2027

Новата ТВ сезона 2026–2027 во Турција носи богата програма на најголемите национални телевизии. Во новата …

error: Содржината е заштитена!