Почетна / Забава / Детална програма за престојниот моден викенд Скопје 13

Детална програма за престојниот моден викенд Скопје 13

 

Детална програма за претстојниот тринаесетти Моден викенд Скопје кој ќе се одржи од 1 до 4 април.

 

 

Тринаесет модни ревии, презентации на нови брендови и забава под маски се само дел од програмата на тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржува од 1 до 4 април под мотото „Да живеат осумдесеттите!”.

Ревискиот дел кој ќе се одржува од 1 до 3 април во салонот „Порше Македонија” ќе го отвори дизајнерката Росица Мршиќ со колекција инспирирана од женските ликови од портретите на сликарот Амадео Модилјани. Истата вечер на 1 април, ревии ќе имаат и дизајнерките Олгица Ѓоргиева со парчиња облека кои ги следат светските модни трендови споени со нејзиниот веќе познат стил и Силвија Михајловска (модно ателје Алшар) поддржана од „Скопско”. Колекцијата на Михајловска наречена „Sakura (In)Fusion” ќе биде надополнета со рачно изработен накит инспириран од колецијата а дизајниран од Елена Ристовска. Веднаш по ревиите во „Порше Македонија” ќе следува и забава под маски со музички хитови од осумдесеттите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се откажува концертот под свеќи „Candlelight: Timeless“

Концертот Candlelight: Timeless на камерниот оркестар Профундис, закажан за 22 март 2025 година, се откажува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!