Почетна / Серии / „За народот“, викенд летна серија за најсложените судски случаи

„За народот“, викенд летна серија за најсложените судски случаи

Правничка драмска серија на ABC која ги следи животите на шест млади, исклучително талентирани адвокати кои работат на најсложените федерални судски случаи во Њујорк.

Дел од нив се обвинители, а дел адвокати на одбраната, кои секојдневно се соочуваат од спротивните страни на законот во една од најпрестижните светски судници.

Покрај напнатите судски процеси и борба за правда која ја водат, серијата ги прикажува и нивните лични предизвици, амбиции, пријателства и љубовни врски, кои често се испреплетуваат со нивната професионална кариера.

„За народот“ нуди возбудлива комбинација од жестоки судски битки, морални дилеми и човечки приказни кои сите ги живееме. Сабота и недела во 23 часот на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летен Телма серијал за светските обичаи при посета на плажа

Без разлика дали се гламурозни летни дестинации или места исполнети со историја, плажите го отсликуваат …

error: Содржината е заштитена!