Почетна / Забава / Фантастичен старт на јубилејното 15-то издание на Пиво Фест

Фантастичен старт на јубилејното 15-то издание на Пиво Фест

 

Општина Прилеп вчеравечер го отвори јубилејното 15-то издание на фестивалот “Пиво Фест”. Со оглед на тоа дека беше четврток, работен ден, организаторите можат да се пофалат со одлична посетеност уште на самиот почеток.

 

 

Бендот Ај Кју ја имаше честа да го означи стартот на фестивалот и задачата да ги загрее љубителите на пиво за она што следуваше.

 

 

Психомодопоп и Амадеус Бенд беа задолжени за останатиот дел од вечерта.

Атмосферата кулминираше со хитовите на Амадеус Бенд кои Бојан Ташиќ ги пееше во ист глас со публиката. Истиот отпеа и низа стари македонски песни, се виеше оро, се пиеше пиво, се споделуваше љубов!

За вечерва е закажана втората фестивалска вечер каде Нокаут ќе бидат едни од задолжените за забавата која следува. Вечерва сите патишта нека водат кон Прилеп.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!