Почетна / ФОТО / ФОТО: Водителот Марко со вентилатор го чисти воздухот во Скопје

ФОТО: Водителот Марко со вентилатор го чисти воздухот во Скопје

 

Понеделник, а веќе ја имаме сликата на неделата- водителот Марко Новевски со вентилатор го чистеше воздухот во центарот на Скопје. Дали се работи за нов телевизиски проект на кој работи или нешто сосема поинакво?

 

– Не се работи за нов ТВ проект, се работи за мојот град! Воздух полн честички вдишуваме секојдневно, несвесни дека всушност и самите можеме да придонесеме кон заштита на околината во која живееме. Па затоа, се одлучив за „ваква форма на чистење” – па ако е потребно, секој ден ќе го правам истото! Нашиот град- од мене зависи! Од сите нас зависи!, истакна Марко кога го прекинавме во неговата „генералка”.

 

 

Веруваме дека храброста на Марко и пред сѐ, неговата посветеност за почисто Скопје, ќе ги инспирира скопјани да размислат за начин на кој можат да му помогнат на градот. И не само да размислат, туку истиот да го применат.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според Сител, оваа седмица ќе има две среди со различни температури

Мала техничка грешка во временската прогноза на телевизија Сител за малку смеа за добра ноќ. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!