Почетна / Живот / Социјален експеримент: Дали би зборувале со личноста позади завесата?

Социјален експеримент: Дали би зборувале со личноста позади завесата?

Деновиве на социјалните мрежи вирално се прошири навидум едноставно, но моќно видео кое нѐ потсети на суштината на човековото живеење на планетата Земја – што секој од нас прави за светот да биде подобро место за живеење. Одговорите поделени, заклучокот – не правиме доволно, а пораката само една: секој од нас ја има моќта да направи промена.

На крајот на денот, личноста зад завесата ја дели истата иднина како вас, иднина во која треба да се вложува, иднина во која го дишеме истиот воздух, иднина во која треба меѓусебно да се почитуваме и да ги прифаќаме различностите, но и да живееме во хармонија со природата – затоа што само така ќе го направиме светот подобро место за живеење.
Социјалниот експеримент кој за кратко време доби преку 100.000 прегледи е дел позитивната политичка кампања на партијата ДОМ за претстојните предвремени парламентарни избори, со слоганот „Иднината е зелена!“.

Видеото наиде на лавина позитивни коментари на социјалните мрежи, опишувајќи го како ведро, спонтано, полно со животна енергија и позитивни афирмативни мисли, без навреди и погрдни зборови, што е новитет и ретко се гледа на македонската политичка сцена, каде граѓаните се навикнати на негативна и агресивна кампања.

„ДОМ продолжува со својот пристап да води и самостојна позитивна кампања за промоција на зелените вредности: заштита на животната средина, почитување на човековите права и еднакви можности за сите, социјална правда и зелена економија базирана на обновлива енергија, енергетска ефикасност, органска храна, еко-туризам и смарт технологии. Кампањата има и едукативна улога, за подигање на еколошката свест за потребата од целосна преобразба на Македонија во земја со одржлив развој и одлучна климатска акција, која што води сметка за природата и здравјето на граѓаните.“ – велат од политичката партија.

Муабет со личноста зад завесата

Дали можеш да запознаеш некого без да го видиш? Што ни е зaeдничко со луѓето кои не ги познаваме?▹ Каква #иднина делиш со соговорникот? ☘️

Gepostet von ДОМ am Mittwoch, 1. Juli 2020

Зелената партија ДОМ на овие парламентарни избори е дел од коалицијата „Можеме“ со четири кандидати за пратеници на листите: Маја Морачанин во ИЕ3, Мирослав Богдановски во ИЕ1, Ристенка Алтипармаковска во ИЕ5 и Ванчо Санев во ИЕ3.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

error: Содржината е заштитена!