Почетна / Серии / Теленовели / Најгледаната теленовела за 2014-та пристигнува во Македонија

Најгледаната теленовела за 2014-та пристигнува во Македонија

 

ТВ Пакет ексклузивно ви открива дека наскоро на сите локални телевизии ширум земјава ќе започне „Украдена љубов“ (Lo que la vida me robó). Се работи за мексиканска теленовела од добропознатата продукциска куќа Телевиса, која со голем успех се емитува во многу земји ширум светот, а на Балканот се емитува на српската Прва телевизија, црногорската Прва телевизија, словенечката Поп, хрватската Дома и албанската Вижн плус.

 

 

Во главната женска улога ја гледаме Анжелик Бојер, позната како Тереза од истоимената серија и како Елиса од „Амбис на љубовта“, а во главната машка улога го гледаме Себастијан Рули, латинозаводникот од „Руби“ и „Тереза“. Интересно е што Рули и Бојер беа пар и во хит серијата „Тереза“, а сега повторно ќе ги гледаме во „Украдена љубов“.

 

 

Ова е една топла приказна за младата богаташка Монсерат, чие срце му припаѓа на сиромашниот Хосе Луис. Таа живее со доминантната мајка Грасиела и таткото Лусио. За да се извлечат од банкротот кој надвиснува над нивното семејство, дона Грасиела решава да ја омажи ќерката за богатиот Алехандро и да ја раздели од сиромашниот Хосе Луис. Злобната Грасиела успева во тоа, и ја кажува вистината на ќерката за финансиската состојба на семејството и тогаш Монсерат решава да се омажи за Алехандро и да го спаси семејството од банкрот.

Брак без љубов и пеколни денови ја чекаат вашата хероина Монсерат. Дали таа ќе го засака сопругот или нејзиното срце секогаш ќе чука за првата љубов, останува да видиме многу наскоро на македонските телевизии. Хит новела со која повторно ќе уживате со шпанските серии. Насловната песна на серијата „El perdedor“ во изведба на Енрике Иглезијас и Марко Антонио Солис, стана огромен хит и брзо ги освои срцата на сите вљубени ширум светот.

Подетални информации за почетокот на новелата и за нејзината содржина, очекувајте наскоро. До тогаш, уживајте во „El perdedor“.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јагиз ги изненади фановите : Да сум женско, би глумел лезбејка

Мегахитот “Ќерките на Фазилет” секојдневно прибира нови гледачи, емитирајќи се на програмата на телевизија Сител …