Почетна / Живот / Султан Сулејман ги украл моштите на Света Петка

Султан Сулејман ги украл моштите на Света Петка

 

Големите чуда што ги правела светителката Света Петка за време на нејзиниот живот и по смртта, стигнале и до ушите на најголемиот турски освојувач на сите времиња султан Сулејман, па затоа тој ги украл нејзините мошти од Белград и ги чувал во својот дворец, открива Денешен.

 

 

„Кога турскиот султан Бајазит (1389-1402) го зазел Трново, моштите на света Параскева се пренесени во Валахија (Романија). А, кога во 1396 година и Романија паднала под Османлиската власт, српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да и дозволи да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил и моштите на светицата биле пренесени во Белград, на месноста Калемегдан. Кога во 1521 година султанот Сулејман II го зазел Белград, ги запленил и светите мошти на света Параскева и ги поставил во своите дворци. Таму почнале да се случуваат чудеса, па затоа освен христијаните, светицата почнале да ја слават и муслиманите. Тоа ги загрижило муслиманите, и тие плашејќи се верата во чудотворната сила од светите мошти на света Параскева да не се прошири уште повеќе меѓу муслиманите, а и заради молбите и застапништвата на христијаните, ги предале овие свети мошти на константинополските христијани, кои чесно ги положише во Патријаршиската црква.

Во 1641 година, војводата Василиј Лупул, војводата на Молдавија, добил вест дека светите мошти на преподобна Параскева се наоѓаат во Патријаршиската црква. Тој од сето срце посакал тие чесно да бидат пренесени во неговата држава. Оваа негова желба, Господ Кој се слави во неговите свети, ја помогнал и посакувајќи и во Молдавија да ја прослави својата светителка, Тој го вдахнал Цариградскиот патријарх Партениј да го исполни барањето на Молдавскиот господар. Тогаш патријархот, со согласност на целиот свештен собор и со дозвола на другите пресвети патријарси, ги испратил чесните мошти на нашата преподобна мајка Параскева на благочесгивиот господар, војводата Василиј, во неговиот престолен град Јаши. Во 1641 година, на 14. октомври, со голема свеченост и огромна радост на жителите на цела Молдавија, нераспаднатите мошти на света Параскева биле положени во Соборната црква на градот Јаши „Св. Три Ерарси”, каде што се наоѓаат и денес и каде секојдневно голем број на верници доаѓаат на поклонение“, стои во објавата на дневниот весник Денешен.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АВМУ со реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран …