Почетна / Телевизија / СРД ќе и ја одземе лиценцата и на ТВ Шутел

СРД ќе и ја одземе лиценцата и на ТВ Шутел

Започната е постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејнот на Шутел телевизија. Советот за радиодизуфија на денешната седница (понеделник), по извршениот мониторинг од 25-ти јуни до 1-ви јули, констатирал драстични отстапувања на програмскиот формат на телевизијата од оној што е утврден во дозволата.

 

 

„Целта на овој мониторинг беше да се утврди дали оваа телевизија прави напори за усогласување на програмата со програмските услови од дозволата, по двете претходни укажувања од страна на СРД. Последниот мониторинг покажа дека ТВ Шутел не ги зела предвид забелешките од претходните мониторинзи за намалување на забавните содржини и утврди нивно зголемување на над 91 насто од вкупната програма за сметка на информативните содржини (4,85%) и образовните содржини (3,74%). Голем дел од емитуваните емисии во продукција на ТВ Шутел, премиерно се емитувани пред 2012 година, а сега само се репризираат“, стои во извештајот на СРД.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арсова: Сител работи во интерес на здравјето на своите вработени

Уредничката на информативната програма на Сител – Славица Арсова, утрово преку фб статус апелираше да …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!