Почетна / Телевизија / Скопската телевизија Скај Нет престана со емитување на програма?

Скопската телевизија Скај Нет престана со емитување на програма?

 

Телекабел ја тргна Скај Нет од својата понуда

 

Од пред неколку седмици, скопската локална телевизија Скај Нет е тргната од кабелските оператори. Причините за тоа не се познати, но она што може да се забележи е дека на онлајн сервисот на телевизии Макс тв сеуште ја има, но и дека таму веќе долг период не емитува никаква програма освен музички спотови.

Не се емитуваат никакви емисии од сопствена продукција (како План за среќа, Засолниште на имагинацијата, Урбан стил, Нема љутиш…) ниту пак играни филмови и серии кои премиерно се даваа секојдневно на Скај Нет. Скај Нет е позната како една од најстарите скопски телевизии, која емитуваше комерцијална програма составена од серии, филмови, емисии и музика.

Што се случи со Скај Нет, не знаеме, но се надеваме дека телевизијата повторно ќе се врати во старо руво, онаква каква што ја знаеме.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ацо Кабранов: Во Канал 5 примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во …

error: Содржината е заштитена!