Почетна / Серии / Арманд Асанте во нова серија „Господин Мејфер” на FilmBox Extra

Арманд Асанте во нова серија „Господин Мејфер” на FilmBox Extra

Арманд Асанте и Стивен Бауер се ѕвездите во новиот оригинален серијал на FilmBox, “Господин Мејфер“.
Макс Мејфер го живее „добриот живот“, води ноќен клуб во Лондон и се дружи со најгламурозните луѓе во градот, сѐ така до доаѓањето на неговата непозната внука Барбара.

За да се искомплицираат работите, негови поранешни соработници, членови на Њујоршкото подземје; Мајк и Армен се појавуваат кај Макс бегајќи откако убиваат важен човек за Њујоршката мафија. Вмешан и во грабеж во Португалија, на совршениот живот на Макс се заканува и руската мафиј откако Барбара ќе го убеди да им украде милиони. Единствениот начин да го заштити своето семејство е да се врати на криминалните навики кои се надеваше дека ќе ги остави зад себе.

Серијалот е во режија и копродукција на Филипе Мартинез, „експерт“ за акциони филмови и серии, кој има соработувано со холивудски легенди како Кристијан Бејл, Жан Клод Ван Дам, Стивен Сигал и многу други. Мартинез го режираше „My Dad’s Christmas Date“, исто така за SPI International.

Зборувајќи за неговиот лик одигран во серијата, Арманд Асанте вели „Тој е одлична комбинација на ликовите што ги гледате во 50-тите и 60-тите. Тој е професионален ограбувач на банки, тој е волшебник. И успехот кој го имал како мафијаш го наведува еден ден да каже, знаете што, доста! Проблемот е што никогаш не бегаш од таа историја…“.
„Господин Мејфер“, секој петок од 21:00 на FilmBox Extra!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!