Почетна / Забава / Бенхамин Рохас: Актерството во втор план!

Бенхамин Рохас: Актерството во втор план!

Популарниот Аргентинец Бенхамин Рохас, Пабло од „Млади бунтовници“, наскоро ќе започне со снимање на серијата „Buscando a Rene“ во која ќе игра со Ромина Гаетани и Химена Барон, Хоуп од „Ангели“. Деталите околу овој проект сеуште не се познати, но се знае дека серијата за почеток ќе биде достапна само на интернет. Меѓутоа, Бенхамин овој период нема многу време – комплетно и се посвети на музиката, па заедно со Фелипе Коломбо и Вилијам Лоренсо настапува ширум Аргентина како член на бендот Роко.

фото: Бенхамин Рохас

Инаку, згодниот бунтовник минатата година се појави во промо-спот на продуцентката Крис Морена, која е заслужна за светската слава што тој ја стекна. Имено, Крис организираше кастинг за нова серија, а Бенхамин се појави со повик до сите млади да се пријават со надеж дека можеби ќе станат ѕвезди како него.

фото: Фелипе Коломбо

Крис Манев | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виолин фест 2026 – свечен концерт на 12 јуни во Филхармонија

По успешните фестивалски настани во Прилеп и Струмица, Виолин фест 2026 ќе биде заокружен со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!