Почетна / Телевизија / Скопската телевизија МТМ го промени логото

Скопската телевизија МТМ го промени логото

 

Локалната скопска телевизија МТМ го промени своето долгогодишно и едноставно лого. Но, некогаш е подобро да не правиш промена доколку си свесен дека немаш капацитет да одиш кон подобро. Тие очигледно не се свесни за неспособноста на графичкиот дизајнер што го ангажирале, кога веќе дозволиле вакво нешто да се појави во етер.

 

 

Авторот си поиграл со буквите на многу невкусен начин, па затоа ова изгледа онака како што изгледа – очајно.

 

 

Инаку, барајќи го нивното старо лого денеска откривме како всушност гласело мотото на оваа телевизија. Нема да верувате, ни едно ни две – „За вашето урбано живеење“.

Сериозно? Тоа што три пати во текот на денот емитуваат Урбани вести ги прави и урбана телевизија? Какви ли протеини земале за толку да ја набилдаат самодовербата…

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие филмови се на репертоарот на Телма од 6. до 13. февруари 2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 06.02 2021 – 12.02 2021 САБОТА Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!