Почетна / Телевизија / „Сите наши песни“ – нова потрага по музички таленти

„Сите наши песни“ – нова потрага по музички таленти

 
Македонската радио телевизија преку аудиција започнува потрага за талентирани вокали за најграндиозното музичко ТВ шоу „Сите наши песни“. Потрагата по нови македонски музички ѕвезди започнува со натпревар на млади пејачки таленти од 2 града, во секоја емисија, по што следат други два града. Потоа ќе се спроведе систем нa елиминација и пласман во четврт финале, полуфинале и финале. Елиминацијата на екипите ќе се врши според гласовите на стручното жири составено од еминентни имиња од Македонската музичка сцена.

 

Македонската радио телевизија преку аудиција започнува потрага за талентирани вокали за најграндиозното музичко ТВ шоу „Сите наши песни“.

Потрагата по нови македонски музички ѕвезди започнува со натпревар на млади пејачки таленти од 2 града, во секоја емисија, по што следат други два града. Потоа ќе се спроведе систем нa елиминација и пласман во четврт финале, полуфинале и финале. Елиминацијата на екипите ќе се врши според гласовите на стручното жири составено од еминентни имиња од Македонската музичка сцена.

„Веруваме дека низ цела Македонија, има многу музички вокални таленти и веруваме дека сите тие треба да добијат можност за сопствена афирмација. Токму затоа Македонската радио телевизија го направи ова шоу, за забава на гледачите но и за потрага по нашите скриени таленти. За таа цел објавивме аудиција на кандидати за учество во натпреварувачката шоу програма. Истата ќе трае до 21. февруари, по што ќе следи селекција на пријавените во студијата на МРТ. Очекуваме да се пријават млади кои би сакале да бидат идни ѕвезди на Македонија и најталентираните да ги наградиме“, изјави Мери Попова уредник на културно уметничката програма на МРТ.

 

 

Специфично за ова шоу е тоа што е тематски дефинирано односно во секоја емисија ќе се изведуваат најголемите хитови на сите времиња од Македонската забавна музика, во живо со придружба на фантастичниот Биг Бенд.

„Шоуто Сите наши песни воедно е проект на Македонската радио телевизија за заштита и афирмација на македонската музика. Ова е само еден од начините за зачувување на македонскиот музички израз и едуцирање на младите за богатата музичка историја што ја поседуваме. Тоа е наша обврска и заложба како јавен национален сервис“, дополнуваат од МРТ.

Домаќини во музичката арена ќе бидат познатите Каролина Петковска и Димитар Атанасовски. Сите заинтересирани, кои имаат над 16 години можат да пополнат апликации за учество на интернет страната на МРТ.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …