Почетна / Забава / Тимот Perfect Glide победници на третиот Дурекс турнир во одбојка

Тимот Perfect Glide победници на третиот Дурекс турнир во одбојка

 

Тимот Perfect Glide е победник на третиот Дурекс турнир во одбојка на плажа што се одржа викендов во Бекјард лаунџ бар во Скопје. Ристо Николов и Емилија Поп Јордановска се парот што победи на турнирот и како најдобри без наградени со таблети.

 

„Навистина сме среќни што учествуваме на Дурекс турнирот и го освоивме првото место. Овој турнир имаше забавен карактер, ама победата на него навистина преставуваше предизвик за нас затоа што имавме напорни натревари против одлично подготвените противници од останатите тимови. Се надеваме дека следната година ќе имаме можност повторно да се натпреваруваме. Со учеството на овој Дурекс турнир праќаме порака до сите млади, тие да спортуваат и да се едуцираат за сексуално преносливи инфекции, ХИВ/СИДА, како и за непланирана бременост,“ изјавија од тимот Perfect Glide.

 Второто место го освои тимот Pure Fantasy, составен од Дарко Димитриевсски и Ивана Пејковска кои освоија  ДВД плеери со караоке, а на третото место се пласираше тимот Pleasure Max, составен од Томе Димитриевски и Ивана Пејковска кои беа наградени со блендери. На теренот играа осум тимови, два на два, составени од момче и девојка, а беа оценувани од страната на судијата Горан Јаневиќ.  

 

 За натпреварот во одбојка имаше пријавено 50 екипи, но беа избрани само осум кои ги исполнуваа критериумите и правилата поставени од жири комисијата на брендот Дурекс. Одбраните тимови беа именувани и брендирани според производите на Дурекс, Invisible Extra Sensitive, Jeans, Pleasure Max, Extended Pleasure, Pure Fantasy, Perfect Glide, Real Feel и Extra Safe.

 „Горди сме што Дурекс турнирот во одбојка се одржа по трет пат и стана традиција за аабава и спортување во Македoнија. Ние сакаме  младите да спортуваат, да се натпреваруваат и најважно од се да бидат едуцирани и да користат заштита при сексуални односи. Благодарност до сите учесници и очекуваме следната година повторно да има голем интерес како овгодинешниот турнир,“ истакнаа од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс во Македонија.

 Додека траеше дводневниот турнир во одобојка на плажа, Дурекс ги изненади сите посетители и им подари производи од брендот, а за дополнителна забава се погрижи диџеј Бороу. 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …