Почетна / Сапуници / Ретро | „Дивиот ангел“, приказна за Мили и Иво

Ретро | „Дивиот ангел“, приказна за Мили и Иво

 

„Дивиот ангел“ е eдна од најпопуларните теленовели прикажани во Македонија на А1 телевизија. Серијата достигна и светски успех прикажувајќи се во над 80 земји, благодарение на кој главните актери Наталија Ореиро и Факундо Арана беа ангажирани како главен актерски пар и во следната телекомeдија „Sos mi vida“. Приказната е дело на Енрике Торес, а некои епизоди беа снимени во Италија и Шпанија. Добропознатата насловна нумера „Cambio dolor“ ја изведува Наталија Ореиро.

 

 

Милагрос е млада и убава девојка со бунтовен дух. Таа е одгледана во манастир, бидејќи како бебе е оставена од нејзините родители. Деновите ги поминува со наставите на калуѓерките и игрите со момчињата од сиропиталиштето, кои ја научиле да игра фудбал што ќе ја натера Милагрос да се облекува како момче. Свештеникот во манастирот ја нарекува Чолито, прекар кој ќе и остане засекогаш.

 

 

Кога полни 18 години, Мили го напушта манастирот и започнува работа во домот на Ди Карло – богата и моќна фамилија, каде треба да се грижи за мајката на Федерико Ди Карло. Воедно во таа куќа Мили го запознава русокосиот Иво, роден од љубовта помеѓу Луиза – сопругата на Федерико и француски уметник. Иво не знае за таа тајна и верува дека е законски син на Федерико како и сите други во семејството, бабата Анхелика, таткото Федерико и сестра му Вики. Милагрос се вљубува во Иво и малку по малку успева да му влезе во животот. Иво исто така е привлечен од Мили, но ги крие чувствата кон неа.

 

 

Пристигнувањето на Милагрос во богатиот дом има и неочекувани последици – девојчето не само што ќе ја сретне љубовта на својот живот, туку ќе ја открие и вистината за своето потекло. Го открива својот татко, прекрасната баба и нејзината сестра. И уште понеочекуваното таа го наоѓа братот на мајка си – кој ќе се приврзи толку со девојчето, што е подготвен да ја заштити засекогаш при секоја ситуација. Добродушноста и смиреноста во срцето на Мили ќе го натера Федерико, нејзиниот татко, да научи да ја користи татковата љубов кон неа и ќе дознае, дека и таа ја заслужува истата љубов како неговата друга ќерка. А каприциозната Вики, ќе открие, дека животот не е само пари и луксуз, туку и разбирање, прошка и љубов.

 

 

Улоги: Natalia Oreiro, Facundo Arana, Arturo Maly, Victoria Onetto, Veronica Vieyra, Fernanda Mistral, Lydia Lamaison, Osvaldo Guidi, Norberto Diaz, Segundo Cernades, Paola Crum.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …